Оваа земја го има најбрзиот интернет на Балканот

- Advertisement -


Истражувањето кое го спроведе британскиот сајт Cable, а резултатите ги објави порталот Landgeist, се занимава со прашањето која земја во Европа има најдобра интернет конекција.

Кога станува збор за земјите на Балканскиот Полуостров, со брзина на интернет конекција од 97,9 Mbps, Северна Македонија е на прво место. Според брзината на интернетот, ние сме подобри од Словенија (97 Mbps), Србија (60,5 Mbps), Грција (53,9 Mbps), Црна Гора (49,5 Mbps), Босна и Херцеговина (44 Mbps) и Бугарија (40 Mbps).

- Advertisement -

Најбрзиот интернет во Европа е на островот Џерси (264 Mbps), кој се наоѓа меѓу Велика Британија и Франција, а потоа следуваат Лихтенштајн (246,8 Mbps) и Исланд (229,4 Mbps). Во Франција брзината на интернетот е 152,5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps. Најбавен интернет во Европа има во Хрватска со 25,7 Mbps, а веднаш зад неа се Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.

Податоците се базираат на анализа на повеќе од 1,5 милијарди тестови за брзина на пристап до широкопојасен интернет во 229 земји во текот на 12 месеци кои завршуваат на 30 јуни годинава.

- Advertisement -

(B92)

(фото: Good Fon)

Сподели!
- Advertisement -