Минатата година во Европската унија се произведени 48,3 милиони тони компири, а најмногу во Германија каде се произведени 11,6 милиони тони компир или 24 отсто од вкупното производство во ЕУ. Втор по големина производител на компир во ЕУ минатата година беше Франција со учество од 17,9 отсто, а трета Холандија со 13,4 отсто.
Трите земји споменати минатата година сочинуваа мнозинство, поточно 55,4 отсто од вкупното производство на компир во Европската унија. Производството во ЕУ благо се зголемило во однос на 47,5 милиони тони во 2022 година, но долгорочниот тренд е крајно негативен, објави Евростат. Ако се споредат минатогодишните податоци со оние од 2000 година, производството на компир во Европската унија е намалено за 36,7 отсто или за 27,9 милиони тони.
Според податоците од 2020 година, во Европската унија се регистрирани 9,1 милион земјоделски домаќинства, од кои еден милион домаќинства произведувале компир. Многу мал број домаќинства во ЕУ, само 25.000 или 2,5 отсто, произведуваат органски компири.
Најголем процент на домаќинства кои се занимаваат со производство на органски компир е забележан во Австрија и изнесува 25,6 отсто.
(Пословни дневник)
Фото – Pxhere, CC0, via Wikimedia Commons