Северна Кореја се отвора за туристите: за почеток дозволено е да се оди во еден град

- Advertisement -


Северна Кореја повторно ќе биде отворена за туристи на крајот на оваа година, речиси пет години откако целосно ги затвори границите поради пандемијата на корна вирусот, објавија две туристички компании кои работат со таа земја.

Korio Tours, со седиште во Пекинг и KTG Tours, со седиште во Шенјанг, денеска во одвоени изјави објавија дека на туристичките групи ќе им биде дозволено да го посетат планинскиот град Самџион, родното место на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил, пренесува CNN.

- Advertisement -

„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџион, а веројатно и во останатиот дел од земјата, официјално ќе продолжи во декември оваа година“, изјавија од Korio Tours, додавајќи дека маршрутата и дополнителниte детали ќе бидат познати во наредните денови и недели.

Во посебна објава на Фејсбук, KTG Tours исто така објави дека ќе бидат потврдени точните датуми на заминување на туристите. Засега се споменува само Самџион, но мислиме дека ќе се отвори и Пјонгјанг и други места, изјавија тие.

- Advertisement -

Самџион се наоѓа на кинеската граница и е блиску до највисокиот врв на Корејскиот Полуостров, планината Паекту, активен вулкан од најголемо историско значење за Севернокорејците и Јужнокорејците, бидејќи се смета за лулка на корејскиот народ.

Тој град беше популарна дестинација за кинеските туристи, кои доаѓаа со автобуси пред корона вирусот, а туризмот и обезбеди приход на Северна Кореја и покрај меѓународните санкции поради нелегалните нуклеарни и балистички ракетни програми на Пјонгјанг.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -