Во Италија постои банка каде што долговите може да се платат со пармезан

- Advertisement -

Луксузна зграда со вратар кој стои на вратата, шалтери со вработени во деловни костими – се изгледа како сосема обична и нормална банка. Но, италијанската банка Credito Emiliano е единствена, а нејзината уникатност се крие во нејзините магацини и трезори. Во таа банка наместо златни прачки и банкноти се чува сирење.

Причината поради која се одлучиле на овој потег е посебен вид на пармезан наречен Parmigiano-Reggiano. Станува збор за скап и вреден пармезан, кој во моментот вреди буквално како злато. Само една пита од тој пармезан вреди околу 400 евра, а трезорот со сирење вреди неверојатни 150 милиони евра.

- Advertisement -

Како работи оваа банка? Исто како и која било друга. Одиш во банка и ставаш сирење како гаранција, а тие ти даваат пари. Банката подоцна го препродава сирењето и ги подмирува долговите, а притоа добро заработува.

Во еден период од бизнисот имаше дискусија за воведување други валути како што се пршута или маслиново масло, но бидејќи тие се потешки за одржување и складирање, таа идеја брзо беше напуштена.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixexid)

Сподели!
- Advertisement -