Антивоспалителен лек може да го продолжи животниот век на луѓето

- Advertisement -

Блокирањето на воспалителната молекула интерлеукин-11 (IL-11) го продолжува животниот век на глувците, покажуваат најновите истражувања, што укажува на потенцијални ефекти против стареењето кај луѓето.

Како што старееме, клеточното оштетување се акумулира, поттикнувајќи го имунолошкиот систем да ослободи воспалителни молекули како IL-11. Додека некои воспаленија штитат од болести, премногу воспаление го забрзува стареењето. Тоа е како да додавате масло на оган, вели Стјуарт Кук од Медицинскиот факултет Duke-NUS во Сингапур и еден од авторите на новата студија, истакнувајќи дека намалувањето на воспалението може да го забави влошувањето на здравјето поврзано со стареењето.

- Advertisement -

Тимот на Кук го тестираше ова со инјектирање на лек за блокирање на IL-11 во 37 глувци на секои три недели од нивната 75-та недела од возраста, што е еквивалентно на 55 години кај луѓето, додека не умреле. Контролната група од 38 глувци примила различна терапија со антитела. Резултатите покажале дека блокирањето на IL-11 го продолжило животниот век и на машките и женските глувци за повеќе од 20%. Освен тоа, само 16% од третираните глувци развиле рак, во споредба со над 60% во контролната група. Нивното истражување е објавено во списанието Nature.

Третманот, исто така, го намалил холестеролот, ја намалил изнемоштеноста и телесната тежина и ја подобрил мускулната сила и метаболизмот, што сугерира дека блокирањето на IL-11 може да го спречи влошувањето на здравјето поврзано со стареењето. Сепак, ефектите кај луѓето остануваат непознати без клинички испитувања, вели Кук. Во тек се испитувања за други воспалителни состојби, но ниту едно не е насочено кон забавување на стареењето.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: ccnull)

Сподели!
- Advertisement -