ФИШ нуди квалитетно образование за студентите „дигитални номади“

- Advertisement -

Интервју со професор Матеј Макарович, декан на Факултетот за информациски студии во Ново Место, Словенија

Професор Макарович, на вашиот факултет траат уписите за сите три степени на студии (додипломски, магистерски и докторски студии). Кои се вашите очекувања за упис – што нуди ФИШ за студентите да се одлучат и да се запишат на овој факултет?

- Advertisement -

На сите нивоа на студии, ФИШ нуди содржина која е суштинска за успешна кариера во дигиталното општество, без разлика дали некој сака кариера во јавниот или приватниот сектор или планира сопствено претприемачко патување. Технички и компјутерски ориентираните идни студенти најдобро може да се најдат во рамки на програмите за додипломски и магистерски студии по компјутерски науки и веб-технологии. Студиската програма Информатика во современото општество (Informatics in Modern Society) е одличен избор за оние кои се заинтересирани за општествени науки и бизнис – повторно на додипломски и магистерски степен. Зголемениот акцент на бизнисот и другите предности кои доаѓаат од обработката на огромни количини податоци, „big data“ се рефлектираат во нашата магистерска програма по Наука за податоците. Бидејќи поединци, компании и држави денес, исто така, за жал се соочуваат со зголемени закани во дигиталниот свет, содржината на нашата магистерска студиска програма Cyber security, исто така, е сè поважна. Сите овие теми може да се истражуваат и самостојно на нашите докторски студии со соодветно менторство.

Зошто еден студент од Македонија би се запишал на Факултетот за информациски студии?

- Advertisement -

Постојат неколку технички причини за ова. Прво, затоа што се работи за најсовремена и најрелевантна содржина, за која побарувачката и во Северна Македонија и во Европската Унија и во поширокото меѓународно опкружување, во најдобар случај, ќе продолжи да расте, така што вработливоста е практично очигледна. Тешко е да се најде побезбеден избор за студирање кога станува збор за можности за вработување и кариера. Второ, затоа што се работи за студии кои официјално се признаени, акредитирани и основани во Европската Унија. Трето, затоа што на располагање имаме етаблирани истражувачи и експерти со долгогодишно искуство во практиката. Ги поврзуваме и студиите со практиката. Четврто, затоа што ги комбинираме високите стандарди за квалитет со пријателството кон студентите. Притоа, се трудиме да бидеме што е можно пофлексибилни, вклучително и со тоа што на студентите нудиме можност активно и онлајн да учествуваат на предавања и вежби. И конечно, затоа што студирањето е многу прифатливо. Редовните студии на додипломски и магистерски студии се бесплатни за студентите од Северна Македонија врз основа на билатерален договор меѓу Словенија и Северна Македонија и тие имаат исти права како словенечките студенти.

Колку „дигиталните номади“ го олеснуваат начинот на живот во различни држави. Значи ли дека, иако не се во канцеларија, тие работат на своето работно место? Може ли да зборуваме за „дигитални номади“ во образованието?

- Advertisement -

Вистина е – во случај на студирање на Факултетот за информатички студии во Ново Место, возможно е да се биде студент дигитален номад. Секој што сака може – без никакви дополнителни трошоци – да одлучи да учествува во речиси целиот процес на студирање онлајн. Покрај онлајн училницата, факултетот има достапни паметни табли и системи за телеконференции во сите предавални, што овозможува студентот секогаш да избере дали ќе биде вклучен во индивидуална активност преку алатката Zoom или ќе биде физички присутен во предавалната. Во принцип, на овој начин е можно да се учи практично од секаде, што е идеално за денешниот екстремно мобилен начин на живот и за комбинирање на студиите со работата, доколку некој одлучи да го стори тоа. Ваквата практика е многу честа кај нашите студенти.

Пред десетина години, дигитализацијата и вештачката интелигенција (АИ) беа нови термини. Сега станаа или стануваат дел од секојдневниот живот. Очекувате ли вештачката интелигенција да го олесни животот уште повеќе? Може ли оваа облласт да се регулира со морални и етички правилници?

Вештачката интелигенција, навистина, е присутна на секој чекор – дури и значително повеќе отколку што сфаќаат повеќето луѓе. И со оглед на нејзиниот потенцијал, реално може да очекуваме овој тренд да продолжи. Потешко е да се одговори на прашањето дали тоа ќе го олесни животот, бидејќи тоа не зависи толку од самата вештачка интелигенција, туку од тоа како ќе се користи и каков став луѓето ќе развијат кон неа. Од една страна, тоа може да стане наше продолжение, да не направи попаметни, да не ослободи од рутинските задачи и да овозможи да се фокусираме на сопствената креативност. Од друга страна, може да стане и алатка за тоталитарна контрола, понижување и угнетување. Патот до позитивна употреба на вештачката интелигенција води, пред се, преку развивање соодветни компетенции за нејзино разбирање и креативна употреба. Во иднина, барем на основно ниво, секој треба да има такви компетенции – а нашиот факултет, со оглед на неговиот фокус на дигитализација, сака да ги поттикне и развие овие компетенции на највисоко ниво.

Дали и како студентите стануваат дел од проектните активности кои ги имате на факултетот?

Практично секој од нашите студенти, барем на магистерско ниво, е вклучен во проектни активности – или преку сопствен развој или истражувачка и проектна работа или преку вклучување во бројни национални и меѓународни факултетски проекти. На докторско ниво, учеството во работата на истражувачки проекти е обврска во секој случај. На ниво на додипломски студии, вклучувањето во проекти е повеќе можност за поамбициозните студенти, а сите студенти на додипломски студии, се разбира, се вклучени во различни конкретни работни средини преку задолжителна пракса, која може да ја изберат сами или може да им помогне факултетот. Исто така, тоа е одлична можност студентите да се запознаат со работодавците и да стекнат практично искуство, што многу помага при вработување. Повеќето од нашите студенти се вработуваат уште пред да ги завршат студиите.

Каква е соработката на ФИШ со јавните или приватните институции и организации во смисла на реализација на нови проекти и идеи?

ФИШ е многу активно вклучена во својата локална, како и во националната и меѓународната средина. Соработува и со стопанството и со јавниот сектор. На пример, типична е соработката на конзорциум во заеднички проекти, во кои се создава одлична синергија меѓу истражувачките и развојните способности на ФИШ, од една страна и економските актери, граѓанското општество и носителите на одлуки, од друга страна. Секогаш кога е можно, исто така ги вклучуваме нашите студенти во овој процес.

Сподели!
- Advertisement -