Од догодина ќе плаќаме 7 евра за влез во Шенген зоната

- Advertisement -

Системот кој ќе ги следи влезовите и излезите во Европската унија – EES конечно ќе биде пуштен во употреба на 10 ноември, потврди еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.. Овој систем требаше да биде лансиран за прв пат во 2022 година, но се соочи со повеќе пречки поради ИТ проблеми и доцнење во инсталирањето на автоматските бариери потребни на сите меѓународни копнени, морски и воздушни граници во Шенген зоната.

Некои граѓани ќе мора да платат такса за ослободување од виза од седум евра кога ќе патуваат во Европската унија следното лето, откако ЕУ го откри својот распоред за воведување нови гранични проверки и услови за влез за некои посетители.

Можеби понекогаш верувавте дека тоа никогаш нема да се случи, но ќе се случи, сè се собира, ние сме во последната фаза на тестирање. Превозници, оператори, железнички станици, аеродроми, сите се подготвуваат за големиот ден“, рече Јохансон при посетата на агенцијата на ЕУ задолжена за ИТ инфраструктурата зад ЕЕС, пишува dnevnik.hr.

- Advertisement -

ЕЕС ќе ги замени печатите во пасошите со дигитална регистрација на податоците на граѓаните кои не се членки на ЕУ секогаш кога тие влегуваат и излегуваат од надворешните граници на Шенген за да се осигура дека нема да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во кој било период од 180 дена.

Патниците ќе треба да достават биометриски податоци за отпечатоци од прст и лице на првиот премин, додека последователните премини на ЕЕС ќе бараат само скенирање на пасошите на киоск за самопослужување за да се спореди документот за идентификација со внесените биометриски податоци, пишува Гардијан.

Додека ЕУ се подготвува да воведе систем на дигитални бариери, постојат стравувања дека тоа ќе предизвика нарушувања на границите и доцнење на патувањето. Европската комисија предложи постепено и флексибилно воведување на EES со цел да се намали почетното време на чекање.

- Advertisement -

Граѓаните на Западен Балкан, односно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и Молдавија и Украина, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната.

Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и криминални досиеја и информации за контакт во земјата дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа, пишува Гардијан, пренесува Анадолија.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -