Во јули забележан раст на индустриското производство

- Advertisement -

Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули минатата година е зголемено за 3.8 отсто,  додека во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е намалено за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 14.9  проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,1  процент.

- Advertisement -

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.2  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 24 проценти, додека бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1  процент.

Сподели!
- Advertisement -