Париз е град со најголем приход од пристигнување туристи во 2022 година, според анализата на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).
Заработката од патувања и туризам во Париз, главниот град на Франција – земја со најголем број меѓународни туристички пристигнувања во светот – изнесуваше приближно 35,65 милијарди долари во 2022 година. Во исто време, Пекинг и Орландо го зазедоа второто и третото место на листата таа година, тие му помогнаа на БДП со 32,6 милијарди и 31,1 милијарди американски долари, соодветно.
Освен Пекинг, имаше уште два кинески града на листата со најголеми приходи од туризмот таа година – Шангај на четврто и Гуангжу на десетто место. На петтото и шестото место се Лос Анџелес со заработка од 22,9 милијарди и Њујорк со 21,09 милијарди долари, потоа Токио (17,9), Мексико Сити (16,7) и Лондон на деветто место со заработка од туризам од 14,9 милијарди долари.
Бројот на меѓународни туристички пристигнувања низ светот и минатата година нагло се зголеми во однос на претходната година во сите најпосетувани дестинации во светот.
Така, Франција беше омилена дестинација за туристите и во 2023 година, со 100 милиони меѓународни туристички пристигнувања. Шпанија, САД и Италија се следните во рангирањето таа година.
Иако податоците за оваа година ќе бидат достапни дури следната година, нема сомнеж дека Франција, особено Париз, сепак ќе биде на тронот, најмногу благодарение на Олимписките игри кои неодамна завршија во француската престолнина.
Фото – Wikimedia