Откриено мистериозно поле во атмосферата на Земјата

- Advertisement -

Слабо енергетско поле кое долго време не можеше да се открие конечно е измерено околу Земјата. Познато како амбиполарно поле, ова електрично поле за прв пат беше под хипотеза пред повеќе од 60 години, а неговото откритие може да го револуционизира нашето разбирање за однесувањето и еволуцијата на нашата планета.

Секоја планета со атмосфера треба да има амбиполарно поле, истакнува астрономот Глин Колинсон од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА. Со тоа мерење научниците сега можат да истражат како тоа поле влијаело на Земјата и на другите планети со текот на времето.

- Advertisement -

Земјата е обвиена со различни полиња, вклучувајќи ги добро познатите гравитациони и магнетни полиња, неопходни за одржување на атмосферата недопрена и за заштита на планетата од сончевото зрачење. Но, во 1968 година беше забележан нов феномен – суперсоничен ветер од честички кои излегуваат од атмосферата на Земјата, веројатно поттикнат од неизмерено поле на електрична енергија.

Ова се нарекува амбиполарно поле. Тоа ѝ пркоси на гравитацијата и испраќа честички во вселената, објаснува Колисон. Сепак, технологијата за мерење на ова поле беше недостапна до неодамна, што го поттикна развојот на ракетата Endurance да ја истражи оваа невидлива сила.

- Advertisement -

Амбиполарното поле работи во специфичен атмосферски слој, почнувајќи од височина од околу 250 километри над Земјата. Во оваа област ултравиолетовото и сончевото зрачење ги јонизираат атомите, создавајќи деликатна рамнотежа меѓу полесните електрони и потешките јони. Таа рамнотежа резултира со електрично поле што ги поврзува овие честички, познато како амбиполарно поле, кое врши сили во двете насоки – електроните се туркаат нагоре, а јоните се повлекуваат надолу.

Мисијата Endurance, која започна во мај 2022 година, успешно го откри полето. Таа забележа мала промена во електричниот потенцијал, само 0,55 волти. Половина волт е речиси ништо, отприлика како шплнеж на батерија на часовник, вели Колинсон. Тој мал полнеж е доволно моќен за да ги придвижи водородните јони во вселената со суперсонични брзини и да подигне потешки јони на кислород, што значително ја зголемува густината на јоносферата на голема надморска височина.

- Advertisement -

Тоа поле е основен дел од тоа како работи Земјата, истакнува Колинсон, а научниците сега можат да почнат да го истражуваат нејзиното влијание врз еволуцијата на нашата планета. Студијата за тоа е објавена во списанието Nature.

(Science Alert)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -