Новите трендови за купување меѓу кои е „Купи сега, плати подоцна“ (Buy now, pay later), како алтернатива на традиционалниот начин на плаќање со кредитни картички, добиваат сé поширока примена и на нашиот пазар.
Моделот кој доби замав за време на ковид пандемијата и беше имплементиран од страна на Амазон, овозможувајќи им на своите потрошувачи да купуваат преку ниски месечни рати без камати, наскоро потоа ја најде примената и на други големи пазари и синџири како што се ШопФликс, Паблик и Пласио, следејќи го примерот на големите провајдери како што се Klarna, Afterpay и Affirm. Оттогаш па наваму и големи светски тех гиганти, како Apple, на своите потрошувачи им ја овозможија оваа опција и тоа споредбено со стандардните кредитни картички, со нула или многу пониска камата и провизија, како и можност за одложување на ратата. Тие велат дека на овој начин го надградуваат шопинг искуството на своите клиенти и нудат поголема флексибилност.
Што претставува бизнис моделот “Купи сега плати подоцна”
Овој бизнис модел датира од 19тиот век, кога на потрошувачите им биле давани планови за отплата на производи на рати, најчесто мебел, опрема за фарми и останато. Во денешно време на напредна дигитална технологија и иновации, овој модел добива сосема нови размери и употреба, особено со зајакнатите безбедносни механизми кои ги штитат потрошувачите од измами. Ова особено важи за финтек индустријата, односно финансиските небанкарски друштва, кои како предност и моќна алатка на располагање користат напредни дигитални иновациски технологии и имаат капацитет да го доближат овој модел уште поблиску до потребите на современите потрошувачи.
Станува збор за многу поефикасна и комфорна алтернатива на кредитните картички, каде што производот или услугата можат да се купат со едноставно скенирање и распределба на месечните рати и износи онака како што на купувачот му одговара, пришто постои опција за одложување на првата рата. Зависно од вредноста на производот или услугата, истиот може да се купи на неколку рати без никакви дополнителни трошоци, или пак со ниска камата вкалкулирана во месечната рата.
Денес овој модел наоѓа широк спектар на примена во сите можни индустрии. Во Соединетите Американски Држави и Европа овој модел генерираше скоро 100 милијарди долари во трансакции ширум светот само во 2020 година.
“Купи сега плати подоцна” не е непознат на нашиов пазар, веќе неколку години е широко распространет и достапен за нашите граѓани од страна на Иуте Македонија
Преку иновативниот модел “Купи сега-плати подоцна”, Иуте имплементираше револуционерен модел кој целосно го смени македонскиот пазар и го олесни секојдневието и на партнерите и на купувачите. Со повеќе од 500 партнери, 650 продажни места, над 5.000 ново-склучени договори, како и 60 отворени е-шопови само годинава, Иуте стана прв избор на партнерите и купувачите.
Системот за плаќања „Купи сега, плати подоцна“ преку QR код е широко прифатен, како наједноставен и најсигурен начин за купување на рати каде во старт, без скриени трошоци, секој купувач ја знае висината на ратата, односно трошокот кој треба да го плати.
“Една од главните предности на Иуте и овој модел е претходно одобрениот паричен лимит за трошење за клиентите, со којшто тие можат да уживаат во безгрижен шопинг, бидејќи во рамките на нивниот лимит за трошење можат да купуваат што сакаат и да плаќаат подоцна во рати. Лимитот за трошење е како шопинг кредит кој е гарантиран за клиентот кога и да му е потребен. Однапред одобрениот паричен лимит е навистина уникатно одбележје на Иуте, затоа што на клиентот му ја гарантира паричната сума веднаш или пак, се започнува со плаќање според планот за отплата скроен онака како што на клиентот му одговара.”-вели Дане Тодоровски, Комерцијален директор на Иуте.
Безбедносен аспект на моделот
Она што исто така го посочуваат од Иуте е фокусот на целосната безбедност при идентификација и заштита на приватни податоци. Исто така целиот процес е целосно дигитализиран, благодарејќи на мобилната апликација Myiute, преку која може да се заврши целиот процес, од информација до аплицирање и одобрување.
Од Иуте исто така велат дека особено внимание се посветува на целосна транспарентност на приказот на параметрите на достапните продукти и трошоците, како и едукација на потрошувачите, со цел да се избегне презадолжување, доцнење и непотребни трошоци.
Овој модел е создаден и имплементиран да го олесни секојдневието на потрошувачите и да им овозможи самите да си го контролираат буџетот, на комфорен и практичен начин, но исто така да не го преоптеретат домашниот буџет и да купуваат паметно.
Повеќе информации за продажната мрежа, примената и партнерските понуди можете да најдете тука.