Нови цени на горивата од полноќ

- Advertisement -

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се намалува за половина денар за литар, а за два денари за литар се намалува цената на БС-98. Цената на дизелот ќе биде пониска за еден денар за литар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 74 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 76,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 68,5 денари за литар.

- Advertisement -

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 67,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,306 денари за килограм се намалува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 43,507 денари.

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -