Денес официјално почна јавниот превоз во Струмица со новите електрични автобуси

- Advertisement -

Градоначалникот Костадин Костадинов посочи дека за првпат во својата историја, Струмица има јавен градски превоз и тоа не класичен, туку со 10 нови електрични автобуси.

„Со овој нов превозен систем, станавме првата општина на Балканот која има целосно електричен јавен превоз. Општина – лидер во одржливиот развој, Овој проект е јасен пример за тоа како храбрата визија и непоколебливата посветеност, моја лично, на тимот кој стои зад мене и на советниците во Советот на Општината, се гаранција за трансформативни резултати кои вистински имаат позитивно влијание и се од огромна важност за граѓаните“, рече Костадинов.

- Advertisement -

Автобусите имаат капацитет да превезуваат до 48 патници, со литиум-јонска батерија и електричен мотор со моќност од 270 kW. Вредноста на набавените автобуси изнесува 7 милиони евра, а од 11 септември ќе започнат со тест возење, со бесплатен превоз за граѓаните во првиот месец.

Со овој чекор, Струмица станува првата општина на Балканот која целосно ќе имплементира електричен и еколошки јавен превоз.

Сподели!
- Advertisement -