ВИДЕО: Заборавете на морето – капењето во песок е нов тренд

- Advertisement -


Заборавете на океанот, морето, водата. Во градот Ибусуки, Јапонија, сè се врти околу песокот и песокот е на прво место. Во земјата на изгрејсонцето, самураите и покемоните, сè е поинаку, а таков е случајот и со капењето.

Плажите во градот Ибусуки се наоѓаат во област позната по вулканска активност, па со право се нарекуваат центар и жариште на геотермалната активност. Јапонците повеќе од 300 години се на овие плажи во потрага по лековитите својства на песокот, кој прави чуда со својата топлина од 55 степени Целзиусови и составот од вулкански карпи.

- Advertisement -

Овој песок денес, освен за лекување, се користи и во третмани за убавина, хидратација на кожата, каде што вулканските испарувања од песокот ја враќаат свежината и младоста на телото. Покрај плажата има бројни спа центри и хотели кои својот бизнис го засновале на користење на овие природни својства на песокот, па затоа не е чудно што гордо и љубоморно ги штитат и ги одржуваат овие ресурси. Секој од хотелите или спа центрите има дел од плажата што е среден, а престојот е дозволен како за гостите на хотелот, така и за сите останати посетители.

Како се користат сите потенцијалите што ги нуди овој песок? Многу едноставно: одите на плажа, мора да носите традиционално кимоно (не е дозволен костим за капење), чадор за да се заштитите од сонцето и пешкир. Се друго е индивидуално. Изберете место и едноставно опуштете се и легнете, а за останатото ќе се погрижи персоналот. Ќе ви поправат крпа околу главата за да спречат темниот вулкански песок да заврши на лицето и буквално ќе ве закопаат во земја.

- Advertisement -

Третманот трае до 20 минути, по што гостите се почестуваат со туширање, а врв на искуството е капење во топли вулкански извори, по што се препорачува одмор.

(92putovanja)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -