Првиот рубин направен во лабораторија кој „не е вештачки“

- Advertisement -


Хемискиот процес дизајниран и развиен од англиски научник би можел да биде првиот метод за одгледување рубини што го повторува природното формирање на овој скапоцен камен. Според првите проценки, станува збор за одгледување скапоцени камења кои не би биле вештачки.

Софи Бунс, која е предавач и истражувач по дизајн на накит на Универзитетот на Западна Англија (UWE) во Бристол, развила хемиска техника за започнување на процесот на растење на скапоцените камења.

- Advertisement -

Методот овозможува да се умножи мал фрагмент од вистински рубин без да се наруши неговата околина ако скапоцениот камен е, на пример, дел од белегзија, прстен, ѓердан или некое друго парче накит.

Универзитетот верува дека ова е првиот „in city“ процес на рубин што е успешно спроведен.

- Advertisement -

За да одгледува скапоцени камења, Софи Бунс собирала „семиња“, односно земала парчиња кои биле остатоци од рубини при обработката. Таа ставила фрагмент од рубин во платина рамка, како што ќе биде на прстен, а потоа употребила хемиско средство наречено флукс. На овој начин се намалува температурата, што овозможува формирање на скапоцениот камен, односно негов раст.

За разлика од скапоцен камен целосно одгледуван во лабораторија, кој може да биде енергетски интензивен, или скапоцен камен ископан од земја, овие скапоцени камења се одгледуваат во печка од парчиња отпаден материјал и потребни се само неколку дена и пет часа енергија за да „пораснат“.

- Advertisement -

„Експериментирам со одгледување во рерна меѓу пет и 50 часа. За повеќе време ќе добиете кристали кои се малку почисти и поголеми. Малку непредвидливиот раст се карактеризира со природни аспекти и како производител на накит ова го сметам за фасцинантно“, објасни Софи Бунс и додава дека работи на скратување на временскиот процес за да биде поодржлив.

Според неа, методот ја доведува во прашање идејата дека вештачките скапоцени камења се синтетички.

Проектот за одгледување рубин, кој е дел од докторската теза на Софи Бунс, обезбеди финансирање за втората фаза. Во истражувањето се приклучи и Универзитетот во Бристол за во следната фаза да може да се прошири и на одгледување други скапоцени камења.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -