ВИДЕО: Кинези направија екран од рекорден број дронови

- Advertisement -

Познато е дека Кинезите ги осветлувале своите градови ноќе за време на празнувањето на нивната античка историја со огномет што бил нивен изум, а сега, 1200 години подоцна, одлучијс за нивниот Национален ден (или Ден на државноста) да стават фантастично светлосно шоу со помош на дронови.

На барање на градот Шенжен, компанијата Zhujian Planning Media одлучи да го направи најголемиот екран во светот од дронови, за кој користеа дури 10.197 авиони, со што влегоа во Гинисовата книга на рекорди.

- Advertisement -

Шенжен е срцето на кинескиот високотехнолошки сектор и дом на голем број производители на дронови, вклучувајќи го и DJI, кој исто така беше вклучен во овој проект.

Сите 10.197 беспилотни летала беа контролирани од еден лаптоп напојуван од вештачка интелигенција, што создаде спектакуларни тридимензионални слики, кои дроновите совршено ги пренесоа на небото, како што можете да видите на ова видео.

- Advertisement -

Иако ваквото користење на беспилотни летала за уметнички проекти е големо достигнување за кинеските експерти, јасно е дека многу работи, како што се системите за контрола на вештачката интелигенција, можат да се користат за некои други, особено воени цели, имајќи предвид дека во денешното војување , малите беспилотни летала играат сè поважна улога.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -