Швајцарија и Италија ја поместија границата на Алпите поради топењето на глечерите

- Advertisement -

Швајцарија и Италија поместија дел од својата граница на Алпите поради топењето на глечерите предизвикано од климатските промени. Дел од природната швајцарско-италијанска граница, која претежно е составена од глечери, е поместена во областите под Матерхорн, една од највисоките планини во Европа и во близина на бројни популарни скијачки центри.

Швајцарија официјално го одобри договорот за промена во петокот, но Италија допрва треба да го стори тоа. Претходно во мај 2023 година швајцарско-италијанската комисија го подготви договорот.

- Advertisement -

Според податоците на швајцарската мрежа за следење на глечерите (Гламос) од септември минатата година, швајцарските глечери изгубиле 4% од својот волумен во 2023 година, што е второ најголемо топење по рекордните 6% во 2022 година.

Рекордното топење на глечерите се објаснува со последователни многу топли лета и многу малку снежни врнежи. Истражувачите велат дека ако продолжат ваквите временски шеми, топењето само ќе се забрза.

- Advertisement -

Швајцарија во петокот објави дека редефинирањето на границата е направено во согласност со економските интереси на двете страни. Границата на Алпите ќе биде променета во регионот Плато Роза, во близина на планинарскиот дом Карел и на планината Гоба ди Ролин, во близина на Матерхорн и популарните скијачки центри, вклучувајќи го и Зермат.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -