Samsung ги претстави првите ултра мали цврсти батерии за преносни уреди

- Advertisement -

Samsung претстави мали цврсти батерии за преносни уреди, за кои се тврди дека се први од ваков вид во светот. Ѕamsung Electro-Mechanics успешно го разви овој тип на батериски уред по три години истражување и развој.

Компанијата тврди дека новата батерија ќе има енергетска густина од 200 Wh/L, што е поголема од литиум-јонските батерии. Медиумите јавуваат дека јужнокорејска технолошка компанија успешно направила прототип на овој ултра мал цврст склоп на батерии. Моментално батеријата се тестира со одбрани корисници и доколку се оди според планот, компанијата ќе започне со масовно производство до 2026 година.

- Advertisement -

Извештаите сугерираат дека овие батерии најверојатно прво ќе се вградат во Galaxy Watch. Новата батерија, за која се тврди дека е подобра од конкуренцијата, ги надминува ограничувањата во големината. Може да се произведува во димензии кои се движат од милиметри до сантиметри, во зависност од потребите на купувачот.

Цврстите батерии се сметаат за побезбедна алтернатива бидејќи содржат незапалливи цврсти електролити за полнење и празнење, што ги прави поотпорни на надворешни влијанија.

- Advertisement -

Samsung тврди дека успеал да ги развие минијатурните батерии користејќи технологија за производство на повеќеслојни керамички кондензатори, која наизменично печати тенки слоеви материјал и ги натрупува. Според извештајот на Korea Times, овој процес ги спречува наборите што се гледаат кај конвенционалните литиум-јонски батерии, додека овозможува минимални промени на капацитетот за време на полнењето, со што се елиминира потребата од дополнителен простор.

Цврстите батерии се лесно растегливи и многу флексибилни, а нивните цврсти електролити го исполнуваат просторот помеѓу анодните и катодните електроди. Исто така, овие батерии имаат подобрена термичка стабилност и подолг животен век во споредба со традиционалните батерии, а се тврди дека имаат помал јаглероден отпечаток.

- Advertisement -

Со подобрена безбедност и висока густина на енергија, овие батерии можат ефикасно да работат на широк опсег на температури. Тие покажаа ветувачки резултати и можат да направат револуција во секторот за складирање енергија.

Сепак, постојат и одредени предизвици поврзани со овој нов тип на енергетски уред. Еден од значајните предизвици е високата цена на производството, но неколку компании активно работат на надминување на оваа пречка.

Цврстите батерии на Samsung изгледаат како решението што индустријата го чекаше. Нивната флексибилност им овозможува на батериите да добиваат различни облици и големини, надминувајќи ги ограничувањата во дизајнот кои досега беа несовладлив проблем за пазарот за носење. Оваа иновација значи дека батериите може лесно да се интегрираат во сè потенкиот и компактен дизајн на идните уреди што се носат, според Tech Genez.

(Interesting Engineering)

(фото: Battery Alliance)

Сподели!
- Advertisement -