Јужнокорејската компанија Hanwha Aerospace официјално го претстави предлогот за нов роботизиран амфибиски фрлач на ракети, кој беше најавен на саемот KADEX. Овој фрлач ќе биде дизајниран да обезбеди максимална огнена поддршка со минимална работна сила.
На возилото не му треба екипаж и може да истрела повеќе проектили од претходно недостапни области, што ќе се покаже особено корисно за дистрибуирани операции и контранапади.
Овој нов ракетен систем ќе тежи околу 17 тони и ќе може да биде испратен во акција од амфибиски воени бродови, како и транспортни бродови. Има напреден систем за стабилизација, кој го компензира движењето на бродовите, за да може да се користи од палубата на бродот и на копно.
Ракетниот систем е една од неколкуте иновативни воени технологии претставени од Hanwha на KADEX.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)