Американската адвокатска фирма Petrelli Previter објави листа со професии со најголема стапка на разводи. Секоја одлука што ќе ја донесете, колку и да изгледа безначајна, може да влијае на вашиот сегашен и иден живот, вклучувајќи го и изборот на кариера. Додека луѓето од сите професии можат да уживаат во доживотни бракови, луѓето во одредени професии се повеќе склони кон развод од другите.
Првите три места на листата ги заземаат вработените во казината (52,9%), келнерите (52,7%) и стјуардесите (50,5%). Наведени се и работници во обложувалници, работници во фабрики, програмери, работници во металната индустрија, работници во кол центри, работници во текстилната индустрија…
Некои од заедничките фактори кои ги имаат споменатите професии се: долго работно време, висок степен на стрес, финансиски притисоци, висок степен на одговорност итн.
Овие фактори ја нарушуваат рамнотежата во животот. Сосема е логично дека незадоволството на работа ќе влијае на вашиот брачен живот.
(Petrelli Previter)
(фото: Pxhere)