Компанијата SpaceX е подготвена да го лансира својот мегарокет Starship по петти пат, а тоа би можело да се случи на денес. SpaceX ја наведува неделата како можен ден за лансирање, иако Федералната управа за авијација, која издава дозволи, вели дека петтиот тест најверојатно ќе треба да почека до ноември.
Ytarship последен пат полета во јуни, кога ги исполни своите цели. Ракетата беше вратена на Земјата. Беше извршено меко слетување на Starship и Super Heavy бустерот во морето, а новата цел е да се приземји бустерот на лансирната рампа, што вклучува фаќање на лансираната кула со „раце “.
Можното лансирање беше објавено преку X од SpaceX, кој наведе дека само чека дозвола од FAA. Целта на компанијата е да го заврши развојот на Starship, ракета која во иднина ќе пренесува астронаути на Месечината како дел од мисијата Artemis 3, која моментално е закажана за 2026 година.
(SpaceX)
(фото: Flickr)