Епидемијата на дебелина кај децата се прошири на сите континенти

- Advertisement -

Научниците ги анализираа медицинските податоци за преваленцата на дебелината ширум светот. Истражувачи од Флорида Атлантик Универзитетот откриле дека од 1990 година преваленцата на прекумерна тежина и дебелина кај децата е речиси двојно зголемена во светот и го зафаќа секој континент.

Резултатите од студијата беа објавени во весникот The Maternal and Child Health Journal (MCHJ). Експертите ги анализираа медицинските податоци за распространетоста на дебелината во светот.
Резултатите покажаа дека во јужна Европа, вклучувајќи ги и земјите како Грција, Италија и Шпанија, 10% до 15% од децата страдаат од оваа болест. Во Источна Европа стапката на раст е нешто побавна, но преваленцата на дебелината наскоро би можела да се изедначи со онаа на јужниот дел на континентот.

- Advertisement -

На глобално ниво речиси 50% од децата со прекумерна тежина на возраст под пет години живеат во Азија, а околу 25% живеат во Африка. Во Латинска Америка околу 20% од децата под 20 години се со прекумерна тежина.

Многу земји во развој се соочуваат со двојно оптоварување на истовремена прекумерна тежина и недоволна ухранетост кај децата. Научниците, исто така, открија дека детската прекумерна тежина и дебелината во Соединетите Американски Држави достигнуваат нивоа на епидемија и почнуваат да заземаат глобални пандемични размери.

- Advertisement -

Овие состојби доведуваат до хипертензија, зголемен ризик од дијабетес тип 2 и нарушувања на липидниот метаболизам, кои придонесуваат за развој на метаболички синдром. Кај возрасните, прекумерната тежина го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, заболување на црниот дроб, опструктивна ноќна апнеја, артритис и некои форми на рак кои денес се почесто се дијагностицираат и кај помладите луѓе.

(CDM.me)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel )

Сподели!
- Advertisement -