Дури 26 од најсиромашните земји се најзадолжени од 2006 година, покажува најновиот извештај на Светска банка. Оваа институвжција истовремено укажа и на изложеноста на тие земји на природни и други непогоди.
Земјите со годишен приход по жител помал од 1.145 долари денес се посиромашни отколку пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, иако поголемиот дел од светот претежно закрепна, се сумира во извештајот на банката на германската агенција dpa.
Меѓународната помош, како дел од нивниот бруто домашен производ, падна на најниско ниво во последните две децении, оставајќи многумина без толку потребното финансирање, објави Светска банка.
Околу 40% од светското население, кое е најзагрозено од сиромаштијата, живее во 26-те земји вклучени во извештајот. Вкупно 22 од овие земји се во Африка, а останатите се Авганистан, Сирија, Јемен и Северна Кореја.
Нивниот долг, во просек, изнесува 72% од бруто домашниот производ, што е највисоко во последните 18 години.
(Bizlife)
(фото: Bizlife)