Следното лансирање на iPhone би можело да биде најголемото во историјата

- Advertisement -

Новите гласини кои се објавени фрлаат сосема ново светло на плановите на Apple за следната година. Гласините за флексибилни модели на iPhone и iPad кружат низ мрежата во последните неколку години, а бидејќи немаат никакви официјални информации од Apple, се останува само тоа – на гласини и шпекулации кога навистина би можеле да претстават телефон со флексибилен екран. Некои претходни гласини ја спомнаа 2026 година или дури 2027 година, но се чини дека може да биде порано.

Како што објави Tech Radar, повикувајќи се на извештаи поврзани со тајванските медиуми, iPhone Fold би можел да се појави на пазарот веќе следната година. Според извори од Тајван, кои наводно се поврзани со производители на компоненти, Apple е во чест контакт со партнерите за да се подготви за почеток на производството на уредот до крајот на оваа година.

Ако ова е навистина точно и ако свитливиот iPhone навистина се планира за септември 2025 година, тоа би можело да биде најголемото лансирање на телефони на Apple во историјата. Во септември следната година ќе пристигне целосно нов модел на телефонот на Apple – iPhone 17 Air или Slim кој треба да го замени моделот Plus, а сега се чини дека покрај тој модел, компанијата би можела да го презентира и iPhone Fold.

- Advertisement -

Како причина поради која Apple ги забрза плановите за развој на телефони со флексибилни екрани, Tech Radar ја наведува – конкуренцијата. Samsung, Huawei, Google и други компании чии телефони работат на Android веќе претставија неколку генерации на такви уреди. Иако не сочинуваат значителен дел од вкупната продажба на пазарот на паметни телефони, побарувачката за нив се зголемува и стануваат се попопуларни.

Тим Кук до сега не сакаше да претстави ваков уред бидејќи технологијата, пред се екраните, се уште не е усовршена и не може да се спореди со екраните на класичните телефони, но разликата во квалитетот помеѓу најновите модели и првите екрани што беа претставени е очигледно.

(Zimo.dnevnik.hr)

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -