Ова е единствената работа за роботските такси за која не се зборува

- Advertisement -

Минатата недела Business Insider објави напис за софтверски инженер кој добил промотивен код за возење во роботското такси на Waymo и возел околу Сан Франциско шест и пол часа додека не се испразнила батеријата на возилото. Меѓу интересните работи кои ги спомна во своето неколкучасовно возење се спомена и нешто за кое не се зборува премногу кога станува збор за роботските такси – далечинската помош од вработените во Waymo.

Имено, кога има некои проблеми и ситуации кои компјутерот во автомобилот не може да ги реши, како пречки на патот или некоја сосема нова ситуација, тој контактира со далечинските асистенти на Waymo, кои потоа ги преземаат работите во свои раце и му помагаат на автомобилот да ги надмине овие пречки. Иако оваа форма на помош постои уште од самиот почеток на роботските такси, за неа не се зборува толку многу и многумина не ни знаат дека проблемите што не можат да се решат со автономна технологија, на крајот ги решаваат луѓето.

- Advertisement -

Како што открија новинарите на NY Times во една неодамнешна статија, компаниите кои развиваат автономна технологија и роботски такси имаат армија од инженери кои им помагаат на автомобилите секогаш кога ќе заглават. Малкумина разбираат дека автономните возила не се целосно автономни.Треба да се нагласи дека оваа армија на инженери не седи пред компјутер и постојано следи што се случува на екраните и што прават роботските такси на патот, туку се во состојба на готовност во случај роботските такси да имаат потреба. Кога тоа ќе се случи, на екранот се појавува видеото од автомобилот, заедно со сите информации од сензорот од тоа возило и неговата околина и врз основа на сите тие податоци, вработените треба да најдат решение. На пример, нова рута што возилото треба да ја следи за да излезе од толпата, односно како да се заобиколат пречките и слично.

Имајќи предвид дека за далечинската помош речиси воопшто не се зборува, се создаде илузија за целосна автономија на автомобилот, се со цел да се сврти вниманието кон технологијата, но и да се влијае на фондовите за ризичен капитал да инвестираат милијарди долари потребни за развој и градење автономни возила, објасни за медиумите Гери Маркус, претприемач и професор по психологија и невронаука на Универзитетот во Њујорк, кој е специјализиран за вештачка интелигенција и автономни возила.

- Advertisement -

Колку е честа потребата од оваа далечинска помош и колку луѓе работат во центарот за автономно возило за помош во компании како Waymo и Zoox, не е познато и тие не сакаат да ги споделат овие информации со новинарите.

Исто така, не се споменуваше далечинска помош при неодамнешното лансирање на роботските такси на Tesla во случај нивните возила контролирани од компјутер да наидат на неволја, но се чини дека ќе помине некое време пред Cybercab да се појави на патиштата во (американските) градови, па можеби треба да дознаеме навреме и информации за далечинските асистенти.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -