Индија воведува летечко такси

- Advertisement -

Индиската компанија Sarla aviation планира револуција во воздушниот транспорт со воведување на електрични летечки такси со седум седишта.

Меѓународниот аеродром Бенгалуру, кој управува со меѓународниот аеродром Кемпеговда, неодамна се поврза со авијацијата Sarla за да лансира електрични летaчки такси. Станува збор за соработка во врска со истражување на одржлива воздушна мобилност, особено електрични авиони со вертикално полетување и слетување.

- Advertisement -

„Целта на револуцијата во воздушниот транспорт е воведување на електрични летачки такси со седум седишта, кои ветуваат побрз, почист и поефикасен транспорт. Трасата која се вози 152 минути сега ќе се мине за 19 минути“, соопштија од компанијата.

„Целта е иновација во градскиот воздушен сообраќај со оперативна ефикасност, намалени емисии на јаглерод и стабилна инфраструктура. Нашите електрични летачки такси ќе постават нови стандарди во доверливоста и карактеристиките на изведбата, усогласувајќи се со светските стандарди за воздухопловство“, рече Адријан Шмит, соосновач и извршен директор на авијацијата Sarla.

- Advertisement -

Компанијата чека регулаторни одобренија и се очекува да започне со работа за три години. Се планира проширување и во други градови.

(RTS)

- Advertisement -

(фото:Sarla)

Сподели!
- Advertisement -