Во септември Кина извезла повеќе од 60.000 електрични возила во ЕУ

- Advertisement -


Во септември Кина извезе повеќе од 60.000 електрични возила во Европската унија, а испораките скокнаа на второто највисоко ниво во историјата пред најавеното воведување дополнителни царини на крајот на октомври.

Кинеските компании испорачале 60.517 електрични возила во ЕУ минатиот месец, што е за 61% повеќе во споредба со истиот месец минатата година, пренесува Bloomberg.

- Advertisement -

Претходниот врв на кинескиот извоз на електрични возила во Европската унија беше забележан во октомври 2023 година, односно периодот кога Европската комисија започна истрага за кинеските субвенции за производство на електрични автомобили.

Земјите од Европската унија на 4 октомври гласаа за воведување нови царини до 35% за електрични возила произведени во Кина, а десет земји членки, вклучувајќи ги Франција, Италија и Полска, ја поддржаа мерката.

- Advertisement -

Кина и Европската унија се уште преговараат за алтернативно решение на проблемот, но се очекува царините да стапат на сила на крајот на октомври.

Извршниот директор на германскиот производител на автомобили Mercedes, Ола Келениус, ја повика Европската унија да го одложи воведувањето на дополнителни царини за да не се загрозат споменатите преговори меѓу Брисел и Пекинг.

- Advertisement -

„Потребна ни е повеќе слободна трговија наместо трговски бариери“, рече шефот на Mercedes.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -