Европската вселенска агенција преговара со SpaceX за отстранување на вселенскиот отпад

- Advertisement -

Европската вселенска агенција преговара со SpaceX за можноста компанијата на Илон Маск да се приклучи на меѓународната повелба за намалување на вселенскиот отпад, изјави главниот директор на агенцијата, Јозеф Ашбахер, за Reuters.

Агенцијата, која вклучува 22 земји, води една од неколкуте иницијативи за намалување на вселенскиот отпад што орбитира околу Земјата од претходните мисии, загрозувајќи ги активните сателити.

- Advertisement -

Ашбахер рече дека 110 земји и ентитети се приклучија на Повелбата за нула отпад на ESA, која има за цел да го запре создавањето на нов вселенски отпад до 2030 година.

На прашањето дали SpaceX, чии сателити сега сочинуваат речиси 2/3 од активните вселенски летала во ниска орбита, исто така, ја потпишал повелбата, тој рече: „Сè уште не, но ние преговараме со нив… Тоа е повелба во развој и… ќе продолжиме да ги поставуваме тие прашања бидејќи се од фундаментално значење“.

- Advertisement -

Од речиси 10.300 активни сателити во орбитата, околу 6.300 припаѓаат на соѕвездието Starlink на SpaceX, според американските вселенски сили. Кина почна да лансира свои соѕвездија за да се натпреварува со Starlink, а истото го прави и Amazon, кој треба да лансира повеќе од 3.000 сателити за своето соѕвездие Kuiper оваа деценија.

Amazon ја потпиша повелбата, рече Ашбахер.

- Advertisement -

Во моментов има 18.897 парчиња отпад во орбитата кои можат да се следат, вели Џонатан Мекдауел, астроном од Харвард кој ги следи таквите објекти. Не постојат меѓународни закони за вселенски отпад, но земјите и вселенските агенции во последниве години почнаа да развиваат предлози и национални правила за решавање на проблемот.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -