InStore: Fuzetea, новиот бренд на Кока-Кола достапен и на македонскиот пазар

- Advertisement -

Магазинот InStore присуствуваше на големата промоција на ледениот чај Fuzetea, новиот производ што „Кока-кола” месецов го лансира на 37 пазари, меѓу кои и на македонскиот

Според претставници од компанијата „Кока-кола”, брендот Fuzetea, кој е вреден повеќе од милијарда американски долари, е еден од најуспешните брендови на компанијата и им припаѓа на производите со најбрза стапка на пораст. Засега, во продажба е во 52 земји од целиот свет. Европското претставување на Fuzetea, на кое присуствуваа речиси 70 претставници од европските медиуми, се одржа на 15 јануари, во огромната стаклена градина на „Жардино верде” во Цирих.

На промоцијата, опкружувањето беше слично како во џунгла, а производите Fuzetea беа изложени на полици, на кои свежите состојки на ледените чаеви се вклопуваа со зачините и со билките. Во текот на вечерта, Јенс де Гројтер, експерт за чај, изведе научна демонстрација на вкусот и гастрономијата, а го илустрираше и процесот на производство на чајот во различни фази.

- Advertisement -

Целта на овој специјален настан беше да се претстави општата стратегија на асортиманот пијалаци на клучните интересни групи, претставниците од индустријата, новинарите и на влијателните личности (инфлуенсери) во атмосфера на екосистем, кој потсетува на џунгла.

Вкусот на потрошувачите бргу се менува, особено кога станува збор за милениумците. Потрошувачите бараат поголем избор на пијалаци и производи што одговараат на различни потреби, расположенија и моменти. Европското претставување на брендот Fuzetea е неверојатен пресврт за нас, во поглед на понудата на нови и неочекувани вкусови, која нашиот сектор за истражување и за развој ја приспособи на локалните барања, објасни Брајан Смит, претседател за Европа, Блискиот Исток и Африка во „Кока-кола”, во својот говор на тема „Претставување на брендот Fuzetea – важен пресврт на патот за развој на компанијата”.

- Advertisement -

Fuzetea е првиот од низата нови производи што „Кока-кола” планира да ги воведе во 2018 година.

На македонскиот пазар, Fuzetea е лансиран на почетокот од месецов, а достапни се црните чаеви со вкус на праска-хибискус и лимон-лимонова трева, како и зелениот чај манго-камилица, во пакување од 0,5 и 1,5 литри. Fuzetea е фузија од чај, овошје и билки. Направен е од природни состојки и е нискокалоричен пијалак, кој ќе биде видлив и достапен за купувачите во сите канали на продажба, изјавија за InStore од „Кока-кола” – Македонија.

Лансирањето на новиот бренд ќе биде поддржано со комплетна маркетинг-кампања со билборди, ТВ-спот, активација на социјалните медиуми, како и со промоција во магазините. Промотивните активности што го поддржуваат лансирањето на новиот Fuzetea имаат за цел да се зголеми свесноста за новиот бренд и консументите да посакаат да го пробаат новиот производ, истакнуваат од компанијата.

Сподели!
- Advertisement -