Сопственикот на компанијата ByteDance, Жанг Јиминг, е најбогатиот човек во Кина и неговотот богатство се проценува на 50 милиони долари. Четириесетиедногодишниот Жанг е на врвот на листата со кинески богаташи на институтот Хурун. Компанијата ByteDance е сопственик на социјалната мрежа ТикТок. И покрај правните проблеми кои TikTok ги има во САД, глобалните приходи на ByteDance пораснале за 30% минатата година на 110 милијарди долари.
Жанг годинава по прв пат е на чело како најбогат човек во Кина. Тој се повлече од функцијата извршен директор на ByteDance во 2021 година, а потоа се повлече и од функцијата претседател на управата.
Богатство на најбогатите Кинези претрпе значителен удар изминатата година поради економските предизвици и падот на пазарот на акции. Нивното комбинирано богатство се намалило за 10%, на 2,97 милијарди долари.
Институтот Хурунго трета година по ред го наведува падот на кинеските супербогаташи затоа што еконмските притисоци и ладењето на пазарот се уште траат. Растот на кинескиот БДП остана под 5% во првите три квартали од годината, а тука е и дополнителниот стрес поради забавениот раст на недвижностите и ниската побарувачка.
(Klix.ba)
(фото: FMT)