Гоу Грин бара од Министерството за транспорт да донесе Правилник за велосипедска инфраструктура

- Advertisement -

Посебен правилник за велосипедска инфраструктура, е потребен за да се стандардизираат и унифицираат елементите кои се користат при проектирањето на техничка документација за велосипедска инфраструктура

За да добиеме здрави, одржливи, безбедни, климатски отпорни и паметни градови, населби и држава, мораме, меѓу другото, да создадеме услови за безбедно одвивање на велосипедскиот сообраќај, велат од здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“.

- Advertisement -

Посочуваат дека за секој да може да вози велосипед потребно е да има еден унифициран пристап во проектирањето на велосипедската инфраструктура, а моменталната регулатива е многу ограничувачка и не им дава ниту можности, ниту насоки, ниту стандарди на сообраќајните планери и проектантите да планираат соодветна велосипедска инфраструктура.

„Во важечкиот Правилник за урбанистичко планирање планирањето на велосипедскиот сообраќај е опфатено главно во член 162 и минимално во други членови. Што е недоволно од секоја гледна точка. Со таа цел Гоу Грин, во склоп на Националната вело-мрежа, спреми два предлог документи бара од Министерството за Транспорт да ги прифати и донесе на национално ниво:

- Advertisement -

1. Предлог за измена на Правилникот за урбанистичко планирање со внесување на велосипедската инфраструктура

2. Предлог правилник за велосипедска инфраструктура“, известуваат од здружението.

- Advertisement -

Според нив, неопходно е велосипедската инфраструктура да се внесе во Правилникот за урбанистичко планирање бидејќи е документ од највисок ранг кој мора да биде следен од секој планер.

Посебен правилник за велосипедска инфраструктура, е потребен за да се стандардизираат и унифицираат елементите кои се користат при проектирањето на техничка документација за велосипедска инфраструктура.

Очекувано е набрзо да се прават промени во Правилникот за урбанистичко планирање, што значи дека сега е совршената шанса велосипедската инфраструктура да биде дел од новиот Правилник. Ако се донесе овој правилник секоја наредна сообраќајна инфраструктура низ Македонија ќе мора да има велосипедско решение.

Фото – ФБ профил на GoGreen

Сподели!
- Advertisement -