Фиксните телефонски линии, со доаѓањето на паметните телефони, брзиот интернет и евтините решенија за корисниците, стануваат нешто од минатото и рапидно им опаѓа уделот на пазарот. Ова е евидентно од истражувањето кое Statista го направиле во САД
Во споредба, покрај податоците за тоа колку домаќинства користат фиксен телефон, прикажани се и податоците за тоа колку од домаќинствата функционираат само со мобилен телефон. Како што пренесува ICT Business, во 2004 година, само 5% од нив поседувале исклучиво мобилен телефон, додека пак 92,7% поседувале финска линија. После ова започна промената и забележителниот раст на мобилните телефони.
Но трендовите доживеале неверојатен пресврт кога се појавуваат паметните телефони во 2008 година. Во 2009 година, 22% од домаќинствата имале исклучиво мобилна линија, а фиксната паднала на 78%. Потоа трендот продолжува, со тоа што на крајот на 2015 година за првпат бројот на домаќинства со само мобилна линија го надминува бројот на домаќинства со фиксна линија.
На крајот на 2017 година пак, 52,5% од домаќинствата имаат исклучиво мобилна линија, а 43,8 уште имаат фиксна линија. Со минувањето на годините и стареењето на генерациите, се очекува ситуацијата уште да се менува и тоа во корист на мобилните телефони.