Тесла се откажува од производството на евтини автомобили

- Advertisement -

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск потврди дека се откажал од плановите за производство на електричен автомобил од 25.000 долари кој не е наменет за автономно возење.
Маск на конференција на инвеститори изјави дека дизајнирањето електрично возило по таа цена би било „бесмислено“ освен ако автомобилот не е целосно автономен, нагласувајќи дека тој не прави „обичен“ автомобил, пренесува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека во април објави дека компанијата Тесла се откажала од производството на споменатиот автомобил, но дека Маск тоа го демантираше велејќи дека „Ројтерс лаже“. По објавувањето на веста, акциите на Tesla драстично паднаа, но делумно закрепнаа по неговото демантирање.

- Advertisement -

Tesla планира да започне со производство на целосно автономни верзии на Model 3 и Model Y во Тексас и Калифорнија веќе следната година, а потоа и Cybercab со две седишта, но се соочува со сериозни технолошки и регулаторни предизвици во исполнувањето на овие ветувања.

Во меѓувреме, компанијата ги намали амбициите да произведува 20 милиони возила годишно до 2030 година, што беше дел од претходните цели за одржливост. Аналитичарите веруваат дека Tesla сега планира да произведува возила на постоечки платформи, по цена од околу 30.000 долари.

- Advertisement -

(B.92)
Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -