Amazon минатата недела соопшти дека планира да инвестира 1,2 милијарди евра во дата центри во Италија во следните пет години, проширувајќи ја својата инфраструктура за услуги во облак во Европа.
Во мај годинава американскиот гигант најави формирање на нов облак за Европа, AWS European Sovereign Cloud и инвестиција од 7,8 милијарди евра. Тогаш вкупниот износ на планираните инвестиции во Германија го процениле на 17,8 милијарди евра, а најавиле и 15,7 милијарди евра за изградба на центри за податоци во Шпанија.
Инфраструктурата во Италија ќе се прошири, додаваат тие, сигнализирајќи инвестиции кои ќе се мерат во милијарди евра. Минатата недела беше објавено дека вредноста на инвестициите во следните пет години ќе изнесува 1,2 милијарди евра.
Инвестицијата ќе биде фокусирана на изградба и одржување на дата центри, инженерство, телекомуникациски и деловни операции и ќе поддржи до 5.500 работни места до 2029 година низ целиот синџир на снабдување на центрите за податоци AWS, велат тие.
Американската компанија во Италија ги сервисира компаниите како производителот на луксузни автомобили Ferrari и осигурителот Assicurazioni Generali, според информациите на веб-страницата.
(Zimo)
(фото: Flickr)