Маск го претстави Cybercab, возило без возач, специјално дизајнирано за превоз на патници без возач, кое според него треба да се произведува до 2026 година.
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во четвртокот во Калифорнија ги претстави роботските такси и неговата визија за „забавна, возбудлива иднина“.
Пред пет години Маск предвиде дека неговата флота од роботски такси ќе биде готова за една година. За време на неговата презентација во четвртокот вечерта тој самиот призна: „Склон сум да бидам малку оптимист со временските рамки“.
Лансирањето на производот се пренесуваше во живо за милиони гледачи на платформата X.
„Ќе биде како да седите во пријатна мала дневна соба. Да, ќе биде одлично. За разлика од другите електрични возила, нашето роботско такси нема да има приклучок, туку ќе се полни со возење преку панелот за полнење“ рече Маск.
Тој покажа и поголемо возило, Robovan, за кое рече дека може да носи до 20 патници или предмети.
(CNN)
(фото: YouTube)