Кина би сакала да ја изгради својата база на Месечината со тули направени од почва на Месечината, а дали може да го направи тоа ќе покаже експериментот што го лансираше во вселената.
Примероците од тули, направени на Земјата од компоненти кои имитираат почва на Месечината, ќе летаат со товарна ракета до кинеската вселенска станица Тиангонг, како дел од мисијата на Пекинг да испрати луѓе на Месечината до 2030 година и да изгради постојана база таму до 2035 година.
Тоа е тешка задача: секоја зграда треба да издржи огромни количини на космичко зрачење, екстремни температурни варијации и земјотреси на Месечината, а набавката на градежни материјали е скапа процедура.
Изградбата на база од почва на Месечината би можела да биде решение за овие проблеми, се надеваат научниците од универзитетот во централната провинција Вухан.
Тие направија серија прототип тули од различни композиции на материјали пронајдени на Земјата, како базалт, кои ги имитираат својствата на лунарната почва. Парчињата од овие тест тули ќе бидат подложени на серија ригорозни тестови откако ќе стигнат до вселенската станица Тиангонг.
Најмногу ќе се работи за нивно изложување во вселената. Едноставно кажано, ќе го стават (материјалот) во вселената и ќе го остават да стои таму за да видат дали неговата издржливост и перформанси се деградираат под екстремни услови.
Температурата на Месечината може драстично да варира меѓу 180 и -190 степени Целзиусови.
Недостатокот на атмосфера значи дека е изложен на големи количини на космичко зрачење, како и на микрометеорити, додека земјотресите на Месечината може да ја ослабат секоја структура на нејзината површина. Експериментот со изложеност ќе трае три години, а примероците ќе се испраќаат на тестирање секоја година.
Овие тули со црна боја се три пати поотпорни од стандардните тули и можат да се вклопат една во друга избегнувајќи употреба на врзивни средства, што би било предизвик на Месечината, истакнува .
Тимот дизајнираше и робот за 3D печатење за да го изгради живеалиштето.
(Zimo)