ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ – ОД СЕКОЈ АГОЛ

- Advertisement -

Cineplexx, најголемото мултиплекс кино што веќе 12 години го збогатува забавниот и културниот живот во Скопје, бележи нов пресврт во своето постоење кој е опишан преку кампањата „Друг е филмот“.

Имено, отсега посетителите на киното ќе можат да уживаат во ново, унапредено искуство благодарение на најголемите промени досега коишто се видливи од самиот влез.

- Advertisement -

Фоајето сега има комплетно нов, модерен дизајн со нови бои, со што нуди освежена атмосфера за посетителите за време на целиот престој. Нови бои и дизајн добија и касите, каде што е воведена и инклузивна каса специјално дизајнирана и прилагодена за лицата кои користат колички да имаат лесен и брз пристап.

Но, она што најмногу ќе ги воодушеви посетителите се новостите во кино салите. Сите 9 сали на Cineplexx сега се опремени со најнови „Барко“ ласерски проектори од четвртата генерација, коишто обезбедуваат беспрекорни проекции со кристално јасна слика и живописни бои.

- Advertisement -

Промената на проекторите значи појасна и поостра слика, што во комбинација со Silver screen платната на киното резултира со драстично унапредено искуство и уживање во филмот, особено за 3Д проекциите.  

Дополнително, во сите сали е збогатен звучниот систем со нови звучни процесори и дел од опремата за озвучување, што гарантира кинематографски доживувања на највисоко ниво.

- Advertisement -

Сега, за прв пат, посетителите имаат можност да изберат помеѓу три видови седишта – стандардни, кожни ВИП и ВИП Делукс седишта, за да уживаат во филмот на начин што најмногу им одговара. Речиси 300 ВИП седишта се на располагање во шест сали, а 26 ВИП Делукс седишта се поставени во две сали.

Сите овие новитети Cineplexx ги одбележа со најновата кампања „Друг е филмот“ преку која јасно прикажува дека е дестинација која се стреми да биде повеќе од обично кино.

„Присутни сме на пазарот веќе 12 години, со повеќе од 3 милиони посетители, над 1200 премиери и тони и тони произведени пуканки, како единствено мултиплекс кино со најнова и најмодерна технологија за уживање во филмските искуства.

За прв пат одлучивме да прикажеме локална кампања со домашни актери, со цел да ѝ овозможиме на публиката да го почувствува домашниот дух на киното во кое секој детал е важен и секое искуство е уникатно. Сите новитети се воведени не само од естетски аспект, туку и со целосна посветеност на квалитет и инклузивност, со исполнување на желбите и потребите на сите наши посетители“ – велат од Cineplexx.

Сподели!
- Advertisement -