Денес во ФИТР панел дискусија „Иновации во претприемништвото”

- Advertisement -

По повод „Глобалната недела на претприемништво” што се одбележува од 18 до 24 ноември, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска организира панел дискусија „Иновации во претприемништвото”.

Панел дискусијата, како што најавија од ФИТР, ќе собере на едно место млади и успешни претприемачи кои имаат започнато иновативни бизниси, корпоративни иноватори и технолошки лидери, како и инвеститори кои финансираат иновативни стартапи.

- Advertisement -

Фокусот на панел дискусијата, што ќе се одржи во просториите на ФИТР, е мотивирање на младите претприемачи да иновираат, да размислуваат надвор од рамката, на создавање средина коа ги негува креативноста и истражувањата, го поддржува преземањето ризик и обезбедува алатки и ресурси за раст и разво на идеите.

– Иновациите претставуваат клучен двигател за успех, а охрабрувањето на младите претприемачи да ги прифатат може значително да влиае на развоот на домашната економија.

- Advertisement -

Преку дискусија, размена на искуства и идеи, ќе ги поттикнеме младите претприемачи да го преземат следниот чекор и да започнат со реализациа на нивната бизнис идеа.

Фото – Pikist

Сподели!
- Advertisement -