Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

- Advertisement -

Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА. Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност.

ДУМА е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и значење. Оваа колекција не е само накит, туку чувар на нашите зборови кои со тек на времето се изгубиле од секојдневието и под влијание на модерното време, но сепак остануваат дел од нашиот културен код,“ изјави авторката Сташа Божиновска.

- Advertisement -

Секое парче од колекцијата ДУМА е резултат на внимателно избирање зборови и нивно претворање во приказни и дизајни кои ја носат нивната суштина. Зборови како Абер, Бакнеж, Веда, Дар, Залез, Ѕуница, Копнеж,  Преобразба, Роса, Струна и Џагор   се оживеани преку процес што комбинира традиционални техники и современи технологии, создавајќи уникатни парчиња од сребро со делумно позлатени акценти.

Круна на проектот беше изложбата во Утопија – Битола, каде беа презентирани сите изработени парчиња накит, и постери со приказните за зборовите и процесот на изработка. Настанот имаше интерактивен аспект – гостите имаа можност да предлагаат нови зборови, како што се старински и архаични изрази, од кои Божиновска ќе се инспирира и ќе креира нови дизајни….

- Advertisement -

Ова е почеток на „мојата азбука“, проектот ќе биде завршен кога ќе изработам накит за сите букви во азбуката – изјави авторката Сташа Божиновска

Колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска не е само накит, туку е еден вид на мост меѓу минатото и иднината – современ чувар на подзаборавените зборови, кои и денес ни зборуваат за тоа кои сме.

- Advertisement -

Целата приказна за ДУМА можете да ја  „прочитате“ на www.stasha.com.mk а со пополнување на формата на ЛИНКОТ може секој да даде свој придонес во развојот на оваа колекција. Проектот „Азбучен споменар“ е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Сподели!
- Advertisement -