Здравствениот центар на NYU Langone соопшти дека успешно извршил двојна трансплантација на бели дробови на 57-годишната пациентка Шерил Мехкар, на која и била дијагностицирана хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), воспалителна состојба која го попречува протокот на воздух во и надвор од белите дробови.
Мехкар наследила генетска предиспозиција за белодробна болест и ѝ била дијагностицирана ХОББ кога имала 43 години, а нејзината состојба се влошила кога се заразила со коронавирусот во 2022 година.
Меѓутоа, пред тоа, Мехкар била многу активна, возела мотор, нуркала и имала црн појас во карате со нејзиниот сопруг Шахина. Сепак, поради болеста ѝ била потребна трансплантација, која ја чекала до октомври.
Нејзината операција е историска бидејќи хирурзите го користеа роботскиот систем Vinci Xi, кој во минатото се користел за трансплантација на едно белодробно крило. Лекарите се подготвувале шест месеци за да ја извршат операцијата на трансплантација на две белодробни крила, која траела седум часа. Тие извршиле три роботски трансплантации на бели дробови за пет недели за да ја усовршат процедурата и работниот тек.
Благодарение на роботската процедура, пациентите чувствуваат помалку болка и побрзо закрепнуваат, тврди д-р Стефани Чанг.
„Д-р Чанг беше искрена. Таа ми рече дека би сакале роботски да ги трансплантираат двете бели дробови, но дека никогаш порано не го направиле тоа, па јас ќе бидам прва во светот. Таа исто така призна дека можеби нема да биде успешно, па затоа ме советуваше да немам многу надеж. По операцијата ми рекоа дека се поминало добро“, изјави Мехкар.
Дишењето и се подобрило по операцијата и била пуштена на домашно лекување.
(Interesting Engineering)
(фото: Good Fon)