EУ донира шест нови еколошки автобуси на Скопје

- Advertisement -

Утре Јавното сообраќајно претпријатие ќе добие шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“. Како што информираaт организаторите на настанот, Kaнцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS), овие автобуси се значаен чекор во патот на град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлива урбана мобилност.

На утрешното примопредавање на еко автобусите во дирекцијата на ЈСП во Автокоманда, обраќања ќе имаат Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Микела Телатин, претставничка на УНОПС во Северна Македонија и градоначалничката Данела Арсовска.

- Advertisement -

Оваа донација следи откако автобусите на ЈСП престанаа да сообраќаат поради немање нафта, по што Владата одлучи да му позајми на град Скопје нафта од нафтените државни резерви. Ден после оваа одлука, жителите на Шуто Оризари, предводени од нивниот градоначалник Курто Дудуш, протестираа пред општинските бараки и бараа оставка од градоначалничката, бидејќи во оваа општина повеќе од 730 денови нема превоз.

(Мета)

Сподели!
- Advertisement -