Фактум, првиот дигитален асистент што дава совети од македонското законодавство со помош на вештачка интелигенција!

- Advertisement -

Правните лавиринти во огромниот број на закони и различните акти или договори со стручна терминологија, од кои произлегуваат права или обврски многу често се збунувачки и нејасни за граѓаните и можат да ги наведат на погрешни одлуки. Добивањето правен совет за многу луѓе е проблем, иако правните акти се секојдневие на секој човек.

Оваа реалност со напредокот на технологијата и развојот на вештачката интелигенција полека, но сигурно се менува, а на македонскиот пазар веќе е присутна новата алатка, Фактум.

- Advertisement -

Тоа е дигитален правен асистент на база на вештачка интелигенција, кој можат да го користат и правници и адвокатски друштва, но и граѓани кои имаат правни дилеми.

За развојот на Фактум за Иновативност објаснуваат неговите креатори Димитар Чуковски, Методиј Ристоманов и Петар Димовски (на сликата од лево кон десно)

- Advertisement -

Објаснете ни што е всушност Фактум?

Димитар: Фактум е правна пребарувачка алатка базирана на вештачка интелигенција. Замислен е како дигитален правен асистент, алатка која ја користи моќта на вештачката интелигенција за да го разбере вашиот проблем и да ви даде издржан одговор со тоа што ќе ги изнајде соодветните правни одредби поврзани со вашето прашање.

- Advertisement -

Договор за закуп со ситни букви и нејасни клаузули? Судска пресуда полна со правна терминологија? Factum е тука да помогне! Исто како експерт за право, Factum ги анализира документите, ги издвојува клучните информации и ги презентира на јасен и концизен начин.

Идејата за Фактум дојде со самото појавување на ChatGPT во јавноста. Во тој момент веќе работевме на друга идеја која исто беше поврзана со правосудната дејност, односно систем за комуникација меѓу адвокати и клиенти со автоматизирано водење предмети. Штом излезе ChatGPT, сакавме да направиме некоја основна верзија на тоа што денес е Фактум и да го внесеме како feature на продуктот на кој работевме.

Меѓутоа, како што повеќе работевме на тоа, сфативме дека потенцијалот на вештачката интелигенција е огромен и целосно се пренасочивме во таа насока. Во развојот на Фактум главно главно учествувавме ние тројца. Со оглед на тоа што Фактум е спој на технологијата со правото, јас и Петар работевме на развојниот дел на апликацијата, додека Мето го покриваше правниот аспект. Покрај нас, имавме и мал тим од надворешни соработници, повеќе во деловниот аспект, не толку во развојот на апликацијата.

Како дојдовте до идеја да креирате правен асистент базиран на вештачка интелигенција, што е тоа што ја прави оваа алатка иновативна?

Мето: Како правник, кога Димитар ми ги претставуваше можностите  на вештачката интелигенција, веднаш согледав колку многу оваа технологија може да помогне во правните процеси. Правното истражување е како потрага по игла во сено – огромниот обем на правни прописи го отежнува пронаоѓањето на релевантни информации. Временските ограничувања и притисокот за брзо завршување на задачите дополнително ја отежнуваат работата на правниците. Со вештачката интелигенција лесно се решаваат овие проблеми. Можат да се автоматизираат рутинските задачи, со што им се ослободува време на правниците да се фокусираат на она што е навистина важно – стратегија, анализа и застапување на клиентите.

Factum се издвојува од другите алатки за вештачка интелигенција по својата прецизност и темелност. За разлика од ChatGPT и останатите AI апликации, кои користат широка база на податоци од различни системи, Factum е специјално развиен за македонското право. Неговата база на податоци е постојано ажурирана со најновите законски прописи и е насочена исклучиво кон релевантни извори, без мешање на непотребни информации. Ова му овозможува на Factum да биде многу попрецизен и поефикасен, нудејќи им на правниците во Македонија сигурна и доверлива алатка за нивната секојдневна работа.

Кој се може да ги користи услугите на Фактум? Дали фокусот е на граѓаните кои имаат дилеми во врска со законските регулативи или пак на правниците и адвокатските канцеларии?

Мето: Иако примарно беше дизајниран специјално за адвокати и правни сектори, решивме Factum да биде инклузивен и достапен за сите кои имаат потреба од правна помош, без разлика на нивното ниво на познавање на правото.

Од една страна, Factum им помага на правниците да ја зголемат својата продуктивност, да го намалат ризикот од грешки и да ги автоматизираат рутинските задачи, како што се анализа на документи, споредба на договори и пребарување на информации, ослободувајќи им време да се фокусираат на посложени задачи. Во кратки црти, Factum им овозможува на правниците и адвокатите да им обезбедат на своите клиенти побрза, поефикасна и попрецизна правна помош.

Од друга страна Factum им овозможува на граѓаните подобро да ги разберат комплексните правни процеси и документи, со тоа што ги анализира и ги презентира клучните информации на јасен и разбирлив начин. На овој начин, граѓаните можат да ги разберат своите права и обврски пред да се вклучат во било каков правен процес.

Што всушност може Фактум да им понуди на своите клиенти?

Димитар: Factum нуди многу различни можности: истражување, анализа, AI обработка на документи од личната архива на корисникот, составување на правни документи, комуникација на повеќе јазици, препознавање на слики и уште многу работи. 

За правниците и адвокатските канцеларии, Factum ја зголемува ефикасноста и продуктивноста, ги автоматизира рутинските задачи како што се анализа на документи, споредба на договори и пребарување на информации, ослободувајќи им време на правниците да се фокусираат на посложени задачи. Factum ја минимизира можноста за човечки грешки, осигурувајќи дека правните анализи се секогаш прецизни и темелни. Со помош на Factum, адвокатските канцеларии можат да ги намалат трошоците за истражување и анализа на правни информации, и да им понудат на своите клиенти побрза, поефикасна и попрецизна правна помош.

За граѓаните, Factum ја анализира содржината на договорите за закуп, купопродажба, кредит, вработување и други, и ги презентира клучните информации на јасен и разбирлив начин. Исто така, Factum им помага на граѓаните да ги разберат своите права и обврски во различни ситуации, како што се наследство, семејно право, работни односи, сопственост, итн. На овој начин, Factum им овозможува на граѓаните да донесат поинформирани одлуки. На крајот, можностите на Factum се ограничени од вашата креативност. Вештачката интелигенција може да понуди навистина многу, ако знаете како да ја користите!

Сега, откако алатката е присутна на пазарот, имате ли идеи за нови функционалности и дополнувања?

Петар: Дефинитивно! Factum е проект кој постојано еволуира. Веруваме дека секогаш има простор за подобрување и затоа активно работиме на нови функционалности кои ќе ја зголемат неговата вредност за нашите корисници.

Нешто на кое моментално работиме е да ја прошириме базата на податоци со подзаконски акти и меѓународни договори. Свесни сме дека правниот свет е комплексен и дека е важно да им обезбедиме на нашите корисници целосна слика, вклучувајќи ги сите релевантни правни извори.

Исто така, работиме на развој на AI систем кој ќе им овозможи на корисниците брзо и ефикасно да пребаруваат низ судската пракса. Ова е нешто кои самите клиенти го бараат, со оглед на тоа дека пребарувањето низ судската пракса е макотрпен процес кој вклучува многу читање. Замислете колку полесно би било да го опишете вашиот проблем и веднаш да пронајдете пресуди релевантни за вашиот случај!

Алатката е специјализирана за македонското законодавство. Планирате ли да креирате нешто слично и за други пазари?

Димитар: Апсолутно да! Веруваме дека Factum има потенцијал да го трансформира правниот свет не само во Македонија, туку и пошироко.

Во моментов сме фокусирани на македонскиот пазар, но нашите амбиции се многу поголеми. Во блиска иднина планираме да ја прошириме нашата дејност, нудејќи им ја моќта на Factum на правниците и граѓаните во регионот. Веруваме дека Factum може да биде клучен фактор во модернизацијата на правните системи во регионот, правејќи ги подостапни, поефикасни и потранспарентни.

Нашата долгорочна визија е да го направиме Factum глобален лидер во полето на правната технологија. Сакаме да создадеме алатка која ќе биде корисна за правници и граѓани ширум светот, без разлика на нивната локација или правен систем. Веруваме дека Factum може да биде мост кој ги поврзува луѓето со правото, овозможувајќи им да ги разберат и да ги остварат своите права со леснотија и доверба.

Какви се вашите планови за во иднина?

Петар: Пред сè, сакаме Factum да стане сеопфатна алатка која ги опфаќа сите аспекти на правното работење. Ќе продолжиме да го развиваме и усовршуваме, додавајќи нови функционалности и проширувајќи ја базата на податоци. Наша цел е да бидеме секогаш чекор понапред, предвидувајќи ги потребите на нашите корисници и нудејќи им решенија кои ќе им го олеснат секојдневниот правен живот.

Но, нашите амбиции не завршуваат тука. Factum е роден во Македонија, но неговиот потенцијал е далеку поголем. Веруваме дека Factum може да биде катализатор за позитивни промени во правните системи на глобално ниво.

Сподели!
- Advertisement -