Ова е најреткиот минерал на светот – пронајден е само еднаш

- Advertisement -

Досега човекот има пронајдено илјадници минерали во природата. Според Меѓународното здружение за минерали, на Земјата се препознаваат околу 5.500 различни видови минерали. Повеќето луѓе можат да ги наведат најпознатите минерали како бакар, платина, сребро, злато, алуминиум, а неодамна често споменатиот литиум, само малкумина знаат дека најчестиот минерал на Земјата е бриџманитот, кој се состои од магнезиум, железо и силициум диоксид. .

Но, кој е најреткиот минерал во светот? Станува збор за минерал кој досега е пронајден само еднаш и тоа сосема случајно. Гемологот Кјав Ту го купил каменот на пазар во Мјанмар во 2010 година, мислејќи дека е суров скапоцен камен познат како шелит. Меѓутоа, по поблиска анализа, каменот кој на прв поглед потсетува на килибар или топаз се покажал дека е нешто сосема непознато.

- Advertisement -

Направена е анализа во Гемолошкиот институт во Бангкок, која открила дека каменот содржи елементи во комбинација каква што научниците досега не ја виделе во природата. Така, овој минерал содржи траги од титаниум, ниобиум, волфрам и ураниум, што, според геолозите, е во согласност со формирањето на пегматит, вид на вулканска карпа вообичаена во регионот каде што е пронајден каменот. Имено, каменот првично го пронашле трагачи по сафир на дното на потокот, но не ја препознале неговата важност.

Иако овој уникатен жолто-кафеав примерок тежи само една третина од грам и има само 1,61 карат, тој е единствен во светот и затоа неговата вредност е бесценета. Го добил името „kyawthuitе“, по професорот кој го купил на пазарот и ја препознал неговата уникатност.

- Advertisement -

Овој уникатен примерок може да се види во Природонаучниот музеј во Лос Анџелес.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -