Денешните смартфони со врвен модел доаѓаат со големи екрани, напреден хардвер, висококвалитетни камери, а има се повеќе опции базирани на вештачка интелигенција. За многумина најважна е батеријата, а кога станува збор за нејзиниот капацитет, кинеските компании предничат, иако треба да се нагласи дека не е се до бројките и капацитетот на батеријата.
Додека, на пример, Galaxy S24 доаѓа со батерија со капацитет од 5000mAh, а iPhone 16 Pro Max со капацитет од 4685mAh, Realme GT7 Pro доаѓа со батерија со капацитет од дури 6250mAh, а некои други модели како iQOO 13 со капацитет на батеријата од 6150 mAh и OPPO Find X со капацитет на батерија од нешто помал од 6000 mAh. Сепак, дури тие бројки не изгледаат премногу големи кога ќе ги споредиме со батеријата за која Realme ја подготвува следната година. Имено, според извори запознаени со состојбите во оваа компанија, Realme експериментира со батерии со голем капацитет, од 7 до дури 8000 mAh, за својот следен водечки телефон (најверојатно ќе биде претставен како GT8 Pro).
Во моментов се истражуваат три потенцијални конфигурации на батерии, при што оние со помал капацитет поддржуваат побрзо полнење. Батеријата од 7000 mAh поддржува полнење од 120 W и може целосно да се наполни за 42 минути. Друго решение е батерија со поголем капацитет (7000mAh) која поддржува полнење од 100W и потребни се 55 минути за да го достигне целосниот капацитет, додека најсилната батерија од дури 8000mAh (80W полнење) може целосно да се наполни за 70 минути.
Ако Realme на крајот претстави телефон со капацитет на батерија од 8000 mAh, оваа компанија би можела да започне нова ера на телефони со моќни батерии кои би можеле да траат многу подолго пред да се поврзат со полнач во споредба со денешните врвни модели. Во моментов не се споменува колку часа би можела да издржи батеријата на таков телефон, но очекувањата се очигледно големи. Исто така, се уште не е познато какви други опции би можел да има овој телефон, но јасно е дека можеме да очекуваме најсилниот можен хардвер бидејќи ќе биде водечки модел.
(Phone Arena)
(фото: Wikimedia)