ЕЛЕНА ЛУКА добитник на престижната награда Лидерство за различности на првите „Ability awards 2024“

- Advertisement -

Долгогодишната посветеност на ЕЛЕНА ЛУКА за инклузивно општество и почитување и прифаќање на различностите беше крунисана со високото признание за Лидерство за различности на првите „Ability awards 2024“ кои се одржаа во земјава. Во својата моќна порака која таа ја испрати пред присутните ја истакна важноста кон тоа да се насочиме кон градење на мостови, а не на бариери, потенцирајќи дека добиеното признание го смета за прифаќање и возвраќање на љубовта.

„Многу сум среќна што ЕЛЕНА ЛУКА го доби ова признание, не го третирам како личен успех или успех на мојот тим, туку тоа е успех на заедницата, затоа што со заеднички напори правиме поместување кон инклузивна заедница и развој, а веќе првите резултати се видливи. Лично мене најмногу ме прави среќна наградата затоа што ова го сметам како прифаќање, а воедно и возвраќање на љубовта која ЕЛЕНА ЛУКА со години им ја дава на нашите специјални пријатели и е едно големо ветување дека и понатаму ќе работиме на уште многу модни ревии и ќе креираме мода, убави настани и нови вработувања како и платформи кои ќе овозможат поединецот да го даде максимумот од својот капацитет. Во сето она што го работиме секогаш мислиме на заедницата и на позитивната инфлуенца од сработеното. Имаме едно мото , а тоа е дека не е битно колку ќе заработите, туку е битно колку ќе го подобрите животот на другите. Нашата цел е да градиме мостови помеѓу луѓето, а не бариери, да градиме општество каде ќе се чуе гласот на секој и ќе се вреднува поединецот. Правиме селекција на проектите кои ќе ги работиме за да може да се подобри заедницата и општеството во целина. “- истакна ЕЛЕНА ЛУКА.

- Advertisement -

Повеќе од дваесет години ЕЛЕНА ЛУКА е посветена на инклузија преку вработување на лица со попреченост и отворање можност да се покаже нивниот талент, како и поддршка на различни здруженија кои ја помагаат инклузијата во општеството на лицата со попреченост. ЕЛЕНА ЛУКА многупати била организатор на модни ревии каде специјално се дизајнирани креации за лица со попреченост, со цел да се истакне дека убавината е во различноста.

Настанот кој имаше за цел да промовира заедничка посветеност кон создавање на општество каде што секој има еднаква можност да сјае, на едно место ги собра и лицата со попреченост кои ги споделија своите инспиративни приказни за успех.

- Advertisement -

Организатори на„Ability awards 2024“ кои се одржаа на 3 декември- меѓународниот ден на лицата со попреченост беа претставниците на Абилитис Нет и истите истакнаа дека нивната инспирација и цел е да се унапреди инклузијата на лицата со попреченост во земјава, како и да се доделат соодветни признанија за сите борци за еднаквост и прифаќање на различностите.

Сподели!
- Advertisement -