Како Халкбанк, кампања по кампања, го руши стереотипот за банките, перцепцијата за финансиските институции и начинот на кој ја информира јавноста

- Advertisement -

Кога станува збор за финансиските брендови, постојат вечни предизвици за тоа на кој начин да се оствари комуникација што ќе може да ја разгори имагинацијата и да создаде некое емоционално влијание кај јавноста, а сепак да остане доволно втемелена и веродостојна за публиката.

На нашиот пазар, како еден од успешните примери за тоа како умешно, креативно и инспиративно може една банка да информира за своите услуги е примерот на Халкбанк, која годинава во низата реализирани, впечатливи кампањи заедно со Меккен Скопје успеа неколку пати да се искачи на пиедесталот на светската и регионална креативност со кампањата за стартап-пакет.

- Advertisement -

Освен на светскиот фестивал „Golden Drum“ во Порторож, каде што освои сребрена и бронзена награда, кампањата триумфираше и на „Кактус“, престижниот регионален фестивал за интегрирани комуникации, со уште две награди: прва награда за најдобар дигитален поткаст и прва награда за најдобра кампања за надворешно рекламирање.

Освен наградите на овие два фестивали, од светски познатата платформа „Mad Over Marketing“, која брои милиони љубители на креативните индустрии, пристигна и наградата за Најдобро OOH решение за лансирање производ на OOHWards 2024.

- Advertisement -

Она што ја издвои кампањата за стартап како една од најуспешните се елементите на храброст, досетливост, креативност и иновативност. Покрај забавните ТВ-реклами што беа дел од кампањата, со цел да ја пренесе својата порака за производ што е наменет за млади и храбри претприемачи, банката реализираше и цел серијал со инспиративен и едукативен поткаст.

Зборувањето за финансиската писменост на поткаст не е ништо револуционерно, ниту, пак, е изненадување според своите форма и содржина. Разликата е во пристапот. Содржината што регионалната креативна заедница ја препозна како поинаква е таква токму поради мешавината на креативни состојки во неа: супершармантна водителка, непретенциозен пристап кон проблематиката, избегнување патронизирачки тон кон оние што допрва се охрабруваат да започнат свои стартап-бизнизи, избор на гости што се „слика и прилика“ на целната група кон која е наменета оваа содржина, опуштената средина што изгледа како гаража (сепак, најголемите компании започнале во гаражи, нели?). Потврдено е дека ова е победничка комбинација на елементи што Халкбанк и Меккен Скопје мајсторски ги дозираа во дигиталниот простор.

- Advertisement -

Но, она што ја направи кампањата за стартап една од најдобрите е тоа што оваа кампања употреби креативни решенија што знаат да изненадат, буквално, од зад аголот каде што најмалку очекувате.

На навистина виртуозен, но истовремено и ненаметлив начин, креативните тимови на Халкбанк и Меккен Скопје го препознаа просторот гаража како место каде што започнува сè: љубов, музика, идеи, бизнис.

Гаражите се места каде што започнува и градска, урбана, но и индивидуална, интимна историја.

Токму тој простор беше избран за надворешно огласување на пакетот услуги наменет за нови идни претприемач/-ки. Сè што некогаш е потребно е охрабрувачка порака онаму каде што најмалку ја очекувате – пред гаражите до вашиот дом – со цел нештата да добијат сосема поинаков тек.

Што значи сето ова за македонската креативна индустрија?

Едноставно кажано – креативното изразување во нашата земја е веќе на повисоко ниво. Навистина е огромен успех дома да се донесат злато, сребро и бронза од светот и од регионот. Овие награди и признанија во компетитивниот креативен свет, без исклучок, се катализатор, забрзување и мотивирање на креативните умови низ државата.

Оваа година беше година во која Халкбанк и Меккен Скопје ги освоија гласовите на креативните професионалци, но и на јавноста, и ни докажаа дека искрениот, ненаметлив и храбар пристап во комуникацијата навистина вреди злато.

Сподели!
- Advertisement -