Модната индустрија дефинитивно ја следи мобилната технологија, па тешко дека ќе најдете панталони, јакни и кошули во чии надворешни џебови можете да го ставите вашиот паметен телефон без страв дека ќе испадне и ќе се скрши кога ќе се наведнете. Од друга страна, ако поради оваа причина се одлучите да набавите некој „глупав“ мини телефон кој ќе можете да го чувате во вашата облека, веројатно ќе ви бидат одземени многу функции и апликации на кои сте навикнати.
Страницата StackSocial сега продава уред наречен NanoPhone, развиен од неименувани кинески производители, кој поддржува двојни SIM картички, нуди поврзување 4G и користење на голем број апликации, вклучувајќи WhatsApp, YouTube, Facebook, Gmail, па дури и Netflix.
Воедно, овој уред е исклучително мал, односно има димензии од 2 x 8,8 x 4,5 cm и тежина од само 79 грама, а доаѓа со 3-инчен IPS HD екран на допир, 4G и Wi-Fi конекција и работи нa Android 10, како што можете да видите од видеото во прилог.
Телефонот моментално се продава преку Интернет со попуст за 89,97 долари на StackSocial, додека неговата „нормална“ цена ќе биде 199 долари.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)