Колку потрошил Илон Маск на изборите во САД?

- Advertisement -

Извршниот директор на X, Илон Маск, потрошил повеќе од 277 милиони долари за поддршка на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп и на другите републикански кандидати. Тоа го прави најголем донатор за изборите во 2024 година, според податоците на Федералната изборна комисија.

Најголем дел од донацијата на Маск, 239 милиони долари, отишле на неговиот политички акционен комитет , America PACАмерика ПАЦ, според CBS News.

- Advertisement -

Маск, исто така, донираше 10 милиони долари на Фондот за лидерство на Сенатот и 3 милиони долари на МАХА Алијансата PAC.

Преку America PAC финансираше кампањи за поттикнување на излезноста на гласачите, преку лични посети, СМС пораки и повици, мејлови и реклами. По победата, Трамп го назначи Маск да раководи со Одделот за владина ефикасност, заедно со поранешниот републикански претседателски кандидат, Вивек Рамасвами.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -