Загадувањето на воздухот убило речиси 240.000 луѓе во ЕУ во 2022 година

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот со ситни честички уби речиси 240.000 луѓе во Европската унија во 2022 година, што е пад од 5% во однос на претходната година, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во вторник.

Агенцијата процени дека има најмалку 239.000 смртни случаи кои се припишуваат на изложеност над препорачаните нивоа на РМ 2,5, најмалите честички за вдишување најопасни по здравјето на луѓето. Бројот на смртни случаи како резултат на изложеност на штетни честички е најголем во Италија, Полска и во Германија.

- Advertisement -

Низ континентот оваа бројка опадна во споредба со 2021 година, кога честичките, кои можат да навлезат длабоко во белите дробови, предизвикаа 253.000 предвремени смртни случаи. Агенцијата објави дека севкупното проценето влијание врз здравјето на луѓето се подобрува за долгорочна изложеност на три клучни загадувачи на воздухот – фини честички, азот диоксид и озон.

Помеѓу 2005 и 2022 година бројот на смртни случаи што се припишуваат на PM2,5 падна за 45%, така што Агенцијата се надева дека ќе ја постигне својата наведена цел за намалување на таквите смртни случаи за 55% до 2030 година.

- Advertisement -

Во извештајот се наведува дека има 70.000 смртни случаи кои се припишуваат на изложеност на загадување на озон (О3), особено од патен сообраќај и индустриска активност, и 48.000 предвремени смртни случаи кои се припишуваат на вдишување на азот диоксид (NO2), главно од возила и термоцентрали.

Агенцијата не ги собира бројките бидејќи смета дека во тој случај некои смртни случаи би се избројале двапати, но посочува дека загадувањето на воздухот и понатаму останува најголемата еколошка закана за здравјето на Европејците.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: ce.gatech.edu)

Сподели!
- Advertisement -