Во октомври 2024 година, Македонија ја посетиле 107.672 туристи, од кои 74,2% се странски посетители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најбројни се туристите од Турција, со 23.838 посети, а по нив следуваат Србите со 6.582 туристи и Германците со 4.686 посетители.
Туристичкиот сектор во Македонија бележи зголемен интерес од странските посетители, при што Турците остануваат најбројните туристи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во октомври 2024 година земјата ја посетиле вкупно 107.672 туристи, од кои 25,8% се домашни, а 74,2% се странски туристи.
Податоците покажуваат дека бројот на туристите за периодот јануари – октомври 2024 година е зголемен за 8,8% во споредба со истиот период претходната година. Додека кај домашните туристи има намалување од 1%, бројот на странските туристи се зголемил за 14,7%, што укажува на зголемен интерес од странските пазари.
Во октомври 2024 година, најбројни туристи во Македонија биле граѓаните на Турција, при што во земјата пристигнале 23.838 туристи од Турција. Српските туристи се на второ место со вкупно 6.582 посети, додека на третото место се посетителите од Германија со 4.686 туристи.
Најголем дел од посетителите доаѓаат од регионот, но значаен удел имаат и гостите од западноевропските земји.
Фото – hippopx